25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште еден новинар доби закани, ЗНМ упати осуда

Здружението на новинарите на Македонија ги осудува заканите кон новинарот на Тетовасот Невриј Адеми од страна на вработено лице во општина Тетово.

По објавената сторија од страна на новинарот од Тетовасот Невриј Адеми за непотизмот во процесот на вработување на сопругата на Раководителот на секторот за образование во општина Тетово Валидин Адеми, вчера добил онлајн закана на Фејсбук од страна на братот на раководителот Адеми.

Според неговите укажувања, лицето Валмир Адеми вчера во приватна порака му се заканил со зборовите: ,,Ми чепкаш во лебот и во семејството затоа од овој момент, ти заедно со твојот газда пазете се”.

Заканата е пријавена во Министерството за внатрешни работи и според информациите од колегата Невриј заканувачот бил спроведен во полициска станица, соопшти ЗНМ.

„Овој случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе бара итна реакција од надлежните институции. ЗНМ ќе се обрати до Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами и ќе инсистира на одговорност од страна на на лицето кое упатило закана кон новинарот Адеми“, нагласуваат во информацијата.