26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев, тие се против Европа

Од партијата на власт оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, под заложништво на Левица, се против сите стратешки одлуки, против Европа и европскиот пат на државата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, според СДСМ, не го поддржаа почетокот на преговорите со ЕУ. Напротив, велат, кога на маса беше Европскиот предлог и заклучоците по него, ширеа хистерија, организираа насилни протести.

„Заедно со својот коалициски партнер Левица ширеа лажни вести за наводно загрозување на македонскиот јазик, го плашеа народот со асимилација и бугаризација која не се случи, туку напротив, преговорите со ЕУ започнаа со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет. Не го поддржаа ниту Договорот со Фронтекс, прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик без додавки и фусноти, признаен од сите земји членки. ВМРО-ДПМНЕ и Левица беа и се против членството во ЕУ. Уште една потврда за тоа е што не делегираа претставници во работните групи“, потенцираат од владејачката партија.

Додаваат дека како што се однесуваа кога државата стануваше членка на НАТО, продолжуваат со деструкциите и за евроинтеграциите.

„ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица е против секоја важна стратешка и државничка одлука. СДСМ заедно со народот нема да дозволи државата да биде заглавена, ниту пак да се врати назад“, реагираат од СДСМ.