Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот кон Козјак, четири лица однесени во болница – едно има и тешки повреди

Вчера попладнето на регионалниот пат за ХЕЦ „Козјак“- с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „ауди А4“, управувано од Е.Р.(24) од Скопје и патничко возило „фолксваген венто“, управувано од М.М.(42) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

„Во несреќата со тешка телесна повреда се здобила сопатничка од возилото „фолксваген венто“, Ѓ.Б.(41) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатничка од истото возило, Ѓ.М.(39), како и возачот на „ауди А4“, Е.Р. и неговата сопатничка З.Р.(82), констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, додаваат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК