Centar.mk
ЛОКАЛНО

Спорен ДУП за Лисиче ги мобилизираше жителите, велат дека населбата е мета на урбаната мафија

Од иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ обвинуваат дека Општина Аеродром е на чекор да усвои спорен ДУП со кој ќе се наруши спокојниот живот на жителите, како и дека се предвидени голем број згради, затворање на постоечки улици, како и траси за нови улици кои минуваат низ домови.

Тие велат дека Лисиче е наредна мета на урбаната мафија, откако беше презентиран спорниот предлог – детален урбанистички план за населбата. Според иницијативата постои подмолен и нетранспарентен начин да се протне ДУП ЈИ09, додавајќи дека тој е катастрофален за населба Лисиче.

Тие повикуваат да се стави крај на градежниот хаос и да реагираат сите, поднесувајќи анкетни листови со свои забелешки најдоцна до 13.04.2023 во ОУ “Димитар Македонски“. Од „Да го зачуваме Лисиче“ велт дека станува збор за соседска и натпартиска иницијатива.

Претходно од Општина Аеродром, предводена од Тимчо Муцунски, информираа: „Планскиот опфат е дефиниран со следните граници: на север по оските на бул. „Дванаесетта македонска бригада“, новопланираните улици „С4“ и „С2“, од исток по оската на новопланираната улица „С1“, на југ по оската на железничката линија Скопје – Гевгелија и на запад по оската на булевар „Србија“.

Оттаму додадоа дека Предлог-планот на ДУП за градска четврт JИ09 блок 09.01 Општина Аеродром – Скопје, ќе биде изложен во просториите на ОУ „Димитар Македонски“ улица „Ѓуро Малешевец“ бр. 2 од 30.03.2023 (четврток) до 13.04.2023 (четврток).

извор 24инфо.мк

Можеби ќе ве интересира

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК