8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи во Ерменија: Претседавачот со ОБСЕ во Ереван на средби со државниот врв

Четиридневната посета на Јужен Кавказ, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ја завршува во Ерменија. На неговата денешна агенда во Ереван се средби со државниот врв и претставници на Националното собрание.

Главни точки на разговор ќе бидат тековната состојба на ерменско-азербејџанските односи и улогата на ОБСЕ и нејзините земји-учеснички во обезбедувањето стабилност и безбедност во регионот на Јужен Кавказ, како и во поширокиот регион на ОБСЕ.

За овие прашања, Османи ќе разговара со претседателот на Ерменија, Вахан Хачатуријан, премиерот, Никол Пашинјан, министерот за надворешни работи Арарат Мирзојан и делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ од Националното собрание на Ерменија.

Претходно, Османи беше во дводневна посета на Грузија и во еднодневна посета на Азербејџан, од каде што на средбите со националните власти во двете земји ги пренесе пораките дека ОБСЕ, особено агендата на Претседателството на Северна Македонија со Организацијата, високо во приоритетите го има воспоставувањето на стабилност и одржлив мир во регионот на Јужен Кавказ.

Спонзорирано: