Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Дали еден од клучните луѓе на Мицкоски е сопственик на фабрика за канабис заедно со партнер со руски капитал?

Со корупција се соочува секоја држава, дури и оние кои имаат многу низок степен на корупција, немаат нула корупција, вели потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за Фокус. Според него тоа е прашање на коешто во континуитет треба да се работи. Тој додаде дека од друга страна, во 30 години независност не постоеле случаи кога високи владини функционери одговарале кога нивната партија е на власт.

– Кога специјален јавен обвинител, одговарал додека бил на позиција? Тоа се работи коишто првпат се случија во мандат на СДСМ. Сметам дека тоа сериозно ја подобрува ситуацијата со корупцијата. Далеку е од решена и искоренета. За корупцијата треба да се зборува јавно и гласно. Опозицијата пред да го прави тоа треба да погледне кај себе. Тие обвинуваат за плацеви, парцели и ниви, а токму нивни луѓе се организатори на „Делчевски ниви“.

Претходно истите тие луѓе обвинуваа градоначалници на СДСМ, а сега нивните градоначалници се фатени со рацете во медот, вели Богоев.

Тој во интервјуто отвори сомнежи и за можна поврзаност на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со бизнисот со одгледување канабис.

-ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше и критикуваше за одгледување марихуана за масло од канабис. Дали е точно дека играчи блиски до ВМРО-ДПМНЕ, вмешани во „Делчевски ниви“ во највисоките ешалони се вмешани и во фабрика за одгледување канабис? Фабриката се наоѓа во општина Петровец. И дали еден од клучните луѓе блиски на Мицкоски, кои е вмешан и во „Делчевски ниви“ е еден од сопствениците, а другиот сопственик е Русин со руски капитал? И дали по ширење на оваа работа низ политичките кулоари, човекот се повлече од сопственичката структура и остави негови блиски да ја водат работата? Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за овие работи. Како и досега, битката со корупцијата ќе ја продолжиме. Тука се важни и коренети промени во правосудството. Очекувам дека за брзо СДСМ и Владата ќе излезат со конкретни активности и пакет за реформи, кажа Богоев.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК