Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во таски-возило кај Плетвар полицијата затекнала 4.000 капсули „трамадол“

Две лица од Прилеп се приведени кога во такси-возило во кое биле полицијата затекнала 4.000 капсули „трамадол“ без документација.

Вчера, на патот Градско – Прилеп (превој Плетвар) полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г. Ј. (54) од Прилеп и З. Р. (53) од Прилеп. При преглед на патничко такси-возило „ауди а4“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г. Ј., во кое се превезувал З. Р., биле пронајдени кеси со 4.000 капсули „трамадол“, без документација, соопшти МВР.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +