23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Рамо до рамо со народот денеска во Ресен!

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

Притоа, посебно сум горд што после 40 години успеавме да го реновираме објектот на ОВР Ресен, како дел од остварувањата посветени на изградба на функционална инфраструктура во системот на македонската полиција, чии услуги ги користат нашите ресенчани. Задоволството е уште поголемо, бидејќи во овој реконструиран објект целосно ги запазивме стандардите за енергетската ефикасност, со што постигнавме и намалување на загадувањето на животната средина. Полицијата тука е задоволна и мотивирана, а Ресен е безбеден и мирен град, а неговите граѓани се спокојни.
Како #СДСМ, пак, донесовме големи промени:
▶️НАТО членство, преговори со ЕУ
▶️Потпишан договор со ФРОНТЕКС на македонски јазик, идентитетот гарантиран!
▶️Минимална плата од 20.175 денари
▶️Сите 330.000 пензионери овој месец добија историско покачување на пензиите од 8,4%
▶️Силен домашен енергетски систем и зелена трансформација
▶️Рекордно ниво на странски инвестиции
▶️Вистинска грижа за земјоделците
Продолжуваме во тековната и во следната година, како години на пресврт, заедно со граѓаните, рамо до рамо, до победа!