23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Со завршување на уставните измени ќе ни се отвори патот да навлеземе во прашањата кои ќе не направат членка на ЕУ

„Ние не сме подготвени, никој не е подготвен овде да оди на штета на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет, самоопределувањето. Тоа е нашата црвена линија од која што не сме ни отстапиле до сега. Мислам дека со завшрувањето на овие уставни промени ќе ни отвори патот да навлеземе во прашањата кои што навистина ќе не направат држава членка на ЕУ на крајот на оваа декада и таа трансформација нема да биде лесна“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека во текот на преговорите со ЕУ ќе имаме многу други тешки работи кои ќе мора да ги смениме, а не се врзани со идентитетот, државноста итн.

„Ќе имаме многу болни точки во животна средина, во земјоделие, во транспорт, во инфрастуктура, во области каде што ќе треба да либерализираме цели пазари кои што се моментално почиваат на монополи. Кога ќе треба да одлучиме во кој момент ќе може да се продава земјоделско земјиште на странци, во моментот кога ќе треба да одлучиме како ќе функционираат енергетските капацитети. Има многу прашања кои што ќе ни бидат тешки“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека очекува појава на разни општествени структури на кои нема да им одговара ние брзо да влезе во ЕУ, бидејќи ќе ги загубат монополските позиции кои ги имаат сега.