Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Нов македонски веб магазин trn.mk

Од денеска е достапен нов македонски веб магазин trn.mk кој има за мисија да го пополни празниот простор со теми од културата, уметноста, младинските политики и активизам, но и промоција на зелени политики, технологија и наука. Тимот на Трн верува во важноста публиката да биде добро и целосно информирана.

„Ние отвораме и ви испорачуваме низа содржини кои се информативни, возбудливи, човечни и кои ве предизвикуваат да се прашувате, да мислите и да сонувате. Содржини кои некогаш ќе ве поместат од вашата удобност за да ви ја доближат вистината, а друг пат ќе ви го поттикнат адреналинот и ќе ви го направат денот подобар.

Тимот на Трн денес ве кани да го искусите ова возбудливо патување, со цел утре фанзинот да ви стане алтернативно четиво во секојдневието. Трн промовира општествени и културни вредности, зелени политики, технологии, човекови слободи, здрави начини на живот, праведност, хуманост и креативност.

Трн – те боцка и кога не сакаш!

https://trn.mk/

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК