15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Отворен Балкан е создаден заради граѓаните, а не за политичарите

Според националниот координатор за регионални иницијативи Марјан Забрчанец политичките текови во Црна Гора обезбедуваат таа држава да има и премиер и претседател кои се силни поддржувачи на приклучувањето кон Отворен Балкан.

– Радува тој факт и ако се има предвид дека тамошната стопанска комора исто така е силен поддржувач на ваквиот начин на регионална соработка, очекувам позитивен развој на настаните. Граѓаните на Црна Гора, исто како и нашите граѓани и сите граѓани од Западен Балкан заслужуваат да ги добијат придобивките од економските слободи и соработки кои ги обезбедува нашата иницијатива. Повеќе од добредојдени се и Црна Гора, и Косово, и БиХ, вели Забрчанец во интервју за Локално.

Тој додаде дека во овој момент најважно е да се даде поддршка на реализацијата на договорените активности меѓу Косово и Србија од пред неколку недели во Охрид.
– Успешната реализација на охридскиот договор за Косово ќе донесе мир и просперитет, а тоа ќе води кон поголема регионална соработка на Косово и Србија со сите свои соседи – во такви услови, нема да постојат причини косовските граѓани да бидат лишени од придобивките на Отворен Балкан, истакна Забрчанец.

Тој нагласи дека Отворен Балкан има политика на постојано отворени врати за трите земји од Западен Балкан, но и за други земји членки на ЕУ од регионот.

-Отворен Балкан е создаден заради граѓаните, а не заради политичарите. Колку порано сите политичари разберат дека оваа иницијатива овозможува институциите да соработуваат и да испорачаат дела за добробитот на народите, толку поскоро Балканот ќе го видиме целосно интегриран во Европската Унија, заклучи Забрчанец.

Спонзорирано: