Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Османи од Грузија ја започнува посетата на Јужен Кафказ како Претседавач со ОБСЕ

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од утре е во посета на Јужен Кафказ. Четиридневната посета на Грузија, Азербејџан и Ерменија, Османи ќе ја започне од Тбилиси.

На агендата на Османи се средби со највисоките државни претставници на Грузија, претседателката Саломе Зурабишвили и премиерот Иракли Гарибашвили. Покрај средбата, Османи со министерот за надворешни работи на Грузија, Илиа Дарчиашвили, ќе има и заедничка изјава за медиуми.

Претседавачот Османи во Грузија ќе ја пренесе и пораката од важноста на улогата на Грузија како земја учесничка на ОБСЕ која е клучно место за меѓурегионалните иницијативи како и дека ОБСЕ ќе продолжи да дава суштинска поддршка во спроведувањето на заложбите во трите димензии, што пак ќе придонесе за спроведување на внатрешните реформски процеси.

Покрај официјалните лица, Османи ќе оствари разговар и со Делегација на Парламентарното собрание на ОБСЕ од грузискиот парламент, како и со претставници на граѓанскиот сектор и националните малцинства. Во рамки на посетата, заедно со Мониторинг мисијата на Европската Унија во Грузија, Османи ќе оствари теренски средби со граѓани од погодените региони со цел директно од нив да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочуваат.

Посетата на Османи продолжува во Баку, Азерјбеџан каде што исто така ќе оствари средби со државниот врв. Агендата за Јужен Кафказ, Османи ќе ја заврши во Ерменија.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК