Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Голема трагедија: Тројца млади Македонци загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија, ова се првичните информации

Вчера вечерта, трагедија се случи во градот Ница, каде тројца македонски државјани загинаа заедно со еден италијански државјанин. Според информациите објавени во италијанскиот медиум „Ла Воче ди Асти“, возилото во кое се наоѓале тројцата македонци се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција. Извори од полицијата во Асти за медиумот изјавиле дека засега немаат детални информации за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.

Тројцата македонски државјани, на возраст околу 30 години, загинале на местото на настанот, додека италијанскиот државјанин починал во болница поради повредите причинети во несреќата. Изразуваме најдлабоко сочувство до нивните семејства и блиски.

Македонија плаче: Познат идентитетот на загинатите Македонци во тешката несреќа во Италија – сите имаа по 30-тина години

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК