16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Дииталниот асистент АДА е порака дека младите може и во нивната татковина да се покажат

„Дел од предизвикот за креирање на дигиталниот асистент АДА беше личен, затоа што како претседавач на советот за старт ап еко системот беше како да им помогнеме на нашите домашни компании да вистина покажат тоа што го знаат. И резултатот е да, АДА е креирана од домашна старт ап компанија, Кодвел“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на презентацијата на дигиталниот асистент АДА.

За вицепремиерот ова е потврда дека нашите млади можат и знаат, и дека ова е порака дека сме тука и во нивната татковина имаат шанса да се покажат.

„АДА во суштина е материјализирање на сето што го зборуваме и што велиме дека ни е промената која што ни е потребна. Затоа што постојано зборуваме за дигитализација, транспарентност, ефективност и ефикасност во јавниот сектор, и, еве го продуктот кој што треба да не однесе до таму. Во едноставна алатка достапна за сите. АДА за разлика од озборувањата дека јавниот сектор не е ефикасен, ќе биде достапна 24/7. Ќе може да опслужува неограничен број на корисници истовремено, во исто време, без чекање и непотребно префрлување од институција во институција и секаде ќе добиваат исти информации што е клучно за да се отстрани просторот за манипулација со истите информации“, рече Битиќи.

Вицепремиерот истакна дека преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да се запознаат со достапните програми и отворени повици на институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време 24/7 на три јазици, македонски, албански и на англиски.

Спонзорирано: