Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Употребата на вештачката интелигенција и компјутеризацијата се пресликува и применува и во јавната сфера

„Државите веќе се натпреваруваат во однос на подобрените перформанси на машините, производство на најсофистицирани софтвери и модернизирање на секојдневните навики на луѓето. Употребата на вештачката интелигенција и компјутеризацијата се пресликува и применува и во јавната сфера, како и во работењето на нашите институции“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на презентацијата на дигиталниот асистент во јавниот сектор, базиран на вештачка интелигенција – АДА.

Тој додаде дека ако порано билетите ги издаваа луѓе, сега тоа го прават машините, физичкото плаќање на сметки преку шалтери сега е заменето со онлајн плаќање, како што е овозможено и вадењето на документи по електронски пат, за што веќе се работи на електронски ИД за граѓаните на Северна Македонија.

„Така, го исклучуваме влијанието на човечкиот фактор, можноста за грешки и за коруптивни практики. Водени од оваа идеја, за поздравување е воведувањето на АДА-првиот дигитален асистент за јавни услуги во давањето јавни услуги, со што ги надоградуваме нашите практики за дигитализација во општеството“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Владата ќе продолжи да поддржувам голем број на иновативни иницијативи.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК