16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Транспарентноста е клучна за сузбивање на корупција – дигиталниот асистент ќе помогне во тоа

„Во сегментот за борба против корупција во извештајот на Стејт департментот стоеше еден дел кој што се однесува на делењето на државната помош и поддршка на инвестиции во кој што се викаше дека транспарентноста е клучна за сузбивање на појавата на корупција и дека елиминацијата на истата ќе биде императив и треба да биде императив на Владата. И денеска нормално, одговорот го најдовме во дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција АДА“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на презентацијата на дигиталниот асистент АДА.

Тој додаде дека дигиталниот асистент АДА е креиран од домашна старт-ап компанија Кодвел, што е потврда дека нашите млади можат и знаат и дека може тоа знаење да го покажат и во нашата татковина.

„Денеска со нас тука се Мартин, Фросина, Вурата, Зојче и Нино, а другиот дел од тимот кој што работеше на апликацијата знам дека се во канцеларија и се грижи дека се ќе помине денеска во најдобар ред. Навистина сум горд на тоа што го направивте за вашата држава. АДА е креација на Фросина и Вурата, кои работеа на целиот контент, или содржина и сите сценарија која АДА ги нуди, која патем во моментов може да одговори на повеќе од 260 прашања и секако продолжува да учи и понатаму“ објасни Битиќи.

Вицепремиерот истакна дека преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да се запознаат со достапните програми и отворени повици на институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време 24/7 на три јазици, македонски, албански и на англиски.

Спонзорирано: