Centar.mk
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Мечка со три мечиња упадна во пчеларник во преспанското село Наколец

Седумгодишниот труд уништен за еден ден.

Мечка со три мали мечиња десет дена се движи во подпелистерското село Наколец во Преспанскиот регион. Според мештаните досега има нападнато многу пчлени семејства кои се целосно евидентирани и направена е голема материјална штета.

Мечката со трите мали мечиња е фатена и од безбедносна камера на пчеларникот на Бујар Камбери кому му е уништен седумгодишниот труд односно над четириесет пчелни семејства.

Со оглед дека мечката е трајно заштитен дивеч и само државата може да преземе мерки, токму државата сега треба да ги обештети сопствениците на пчелни семејства кои биле уништени.

Погледнете го видеото.

Еве што остана од пчеларникот:

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

ДЕСК

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.

ДЕСК

Oпштина Кисела Вода: Генерално се чисти општината

C +