Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Нов влажен бран со обилни врнежи од дожд, а некаде и снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.

Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник.

Стабилизирање на времето со пораст на дневната температура ќе има од вторник.

Прогноза за 10.04.2023
Минимална температура: 2°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 11.04.2023
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.04.2023
Минимална температура: -1°C до 8°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Благ раст на довербата во институциите и задоволството од работата на Собранието

ДЕСК

Јанчев: Дали планирате да воведете институција „родител-негувател“ за децата со попреченост?

ДЕСК

Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

ДЕСК