Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Покажавме дека сме подготовени да одговориме на задачите, на ред е ЕУ да даде достижна временска рамка за членство

„Европската перспектива е достижна, а она што го очекуваме од ЕУ е извесност и јасен план за проширувањето, што ќе биде поттик за забрзување на процесите и трансформација на општеството. Покажавме дека сме кредибилен партнер и подготвени да одговориме на задачите, на ред е ЕУ да даде временска рамка која е достижна и ќе ни даде доволно време да ги завршиме задачите“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на прес-конференција со српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ.

Тој додаде дека во моментов постои политички моментум и поддршка од Брисел за нова динамика на преговорите, пред се поради руската агресија врз Украина.

„Отворен Балкан ни покажа како е да се функционира по европски правила во некои области, како е да зборуваме за трговска размена, инфраструктурни проекти, мобилност и јакнење на економијата. Тоа е тоа за што мораме да разговараме во преговорите со ЕУ, да работиме за конкретни економски придобивки кои би ги имале и ќе ги имаат нашите граѓани“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека Северна Македонија останува посветена на исполнување на задачите и обврски за да се обезбеди европска иднина на сегашните и идните генерации.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК