Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец осомничен за поседување автоматска пушка и неколку пиштоли

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При претрес во домот на осомничениот 41-годишен скопјанец, на 4 април, полициски службеници пронашле оружје кое на граѓаните им е забрането – една автоматска пушка, како и пет пиштоли и делови од оружје, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК