22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пензионер убедил три деца да провалат кај жена и да ја ограбат, полицијата ги фати

Скопјанец на возраст од 74 години убедил три деца од Шуто Оризари да извршат разбојништво во домот на жена и да и’ украдат пари.

Децата ја извршиле кражбата, по што полицијата го приведе мажот.

Од МВР велат дека тој со возило ги однел малолетниците до куќата и им посочил како да го извршат делото. Откако го направиле тоа, ги поделиле парите, од кои дел се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственичката.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.