Centar.mk
ЛОКАЛНО

Уставниот суд го укина ДУП-от за „Пуцко петрол“ во Карпош

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине одлуката за донесување детален урбанистички план за бензинската пумпа на „Пуцко петрол“ во општина Карпош.

Од утврдената фактичка состојба и обемната документација, која се анализира, Судот утврди дека ДУП-от е неусогласен со ГУП-от бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа, објект со класа на намена Е, на местото планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти, образложи Уставниот суд во одлуката.

Поконкретно, просторот на кој се планира изградбата на бензинска пума е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура.

Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на Општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичкото планирање бидејќи донесениот ДУП не е во согласност со ГУП.

Уставниот суд расправаше и ја укина оваа одлука за носење ДУП во Општина Карпош по поднесена иницијатива од Наташа Шурбановска на 3 април 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Герасимовски: Почна новогодишната магија во нашите градинки, детската насмевка е најубавиот украс на празниците

ДЕСК

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

ДЕСК