Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Петровска: Украина не војува, таа ја брани својата територија и своите граѓани

„Украина е самостојна држава која има право да го одбрани сопствениот територијален интегритет и своите граѓани. Украина не војува, туку ја брани територијата и на тоа има право“ рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења.

Таа додаде дека останатите земји дел од цивилизираниот свет имаме морална обврска да ја поддржиме Украина во тоа.

„Од почетокот на руската инвазија, Северна Македонија зазеде јасна позиција. Тоа е национална одлука, ненаметната од никого. Ја осудивме инвазијата и нападот врз една суверена и самостојна држава и врз основа на таа политичка одлука донесовме и други одлуки како приклучување кон санкциите против русија и седум одлуки за донирање на различен вид вооружување и воена опрема“ рече Петровска.

Министерката кажа дека при нејзината посета на Украина не можела да остане рамнодушна на тоа што се случува таму и на траорните слуки кои сведочат за масакрите.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК