Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Петровска: Финансиката поддршка од САД за Армијата во 2022 година беше колку половина од буџетот за одбрана

„Во НАТО се грижиме едни за други. Нашата волја, одлуките за поддршка на Украина и реалната поддршка се особено ценети од нашите сојузници, особено од САД. За 2022 година се одобрени 137 милиони американски долари неповратна финансиска помош за Армијата“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења.

Таа додаде дека тоа е половина од буџетот што земјава го има за одбрана.

„Тука имаме и друга поддршка, од другите членки на НАТО. Со Обединетото Кралство имаме заеднички проекти за зајакнување на капацитетите на Криволак. Германија најавува можност за донација, Норвешка исто така“ рече Петровска.

Министерката додаде дека тоа што Северна Македонија го прави и придонесува во НАТО е препознаено од нашите стратешки партнери на билатерално ниво.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК