Centar.mk
ЛОКАЛНО

Муцунски го бара Ќосето во Аеродром?

Левица и ВМРО-ДПМНЕ го бараат Ќосето во Аеродром. Сложни браќа и во петок мрсат. Дали е на повидок нова локална коалиција? – прашува Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ во општината Аеродром

– Општина Аеродром ќе поднесе иницијатива до Собранието на РСМ за поставување на споменикот на Ќосето на своја територија. По предлог на Левица, а со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ, СПМ, Демократската партија на Србите во Македонија и Десница, Советот на општината на вчерашната седница ја усвои иницијавата со која овој споменик, клучен симбол на режимот на Груевски, се бара да биде поставен на територијата на Аеродром. ❗️Членовите на Советот од СДСМ, ВМРО-НП и НСДП гласаа против оваа иницијатива со порака наместо да не’ враќаат во темното минато на Груевски и Ќосето, ВМРО-ДПМНЕ и Левица нека се позанимаваат со решавање на реалните проблеми на граѓаните денес, велат од СДСМ Аеродром.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

ДЕСК

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

ДЕСК

СДСМ со конкретни мерки за загадениот воздух: Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење, чистење

ДЕСК