25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драматично пред кривичен: „Убиец“, „затвор“, му викаа оштетени пациенти на Жан Митрев пред Кривичен, судењето повторно се одложи (ВИДЕО)

Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај поради пречки во увидот на списоците на предметот, кои се уште се во Апелација.

(видео 360степени/јутјуб)

Денеска, пред Кривичниот суд во Скопје, Жан Митрев беше присутен со неговите бранители, додека десетина оштетени граѓани протестираа пред судската зграда со транспаренти и зафатени барања за правда.

Судот претходно го прифати барањето на Обвителството за замрзнување на имотот на клиниката, на која одлука одбраната се жалеше пред Апелација.

Одбраната на Жан Митрев побара доволен простор од најмалку два месеци за да се запознаат со списите на предметот, како и да се обезбедат соодветни услови за судење.

Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, пак, побара повеќе следни рочишта за предметот да добие на динамика.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Судењето на Жан Митрев и неговата болница привлекува голема јавност и е предмет на протести и медиумска покриеност во последно време.