Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец, расчистена кражба во Битола, одземеното вратено на сопственикот

Вчера полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Б.А.(62) од с.Крклино, битолско.

При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”, кое го извршил во објект на приватна фирма во периодот од 01.04. до 03.04.2023.

Тој бил задржан во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Б.А ќе следува соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК