Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерството за правда испрати барање за номинација на претставници во работната група за уставните измени

Министерството за правда испрати писмени дописи со барање за номинација на претставници во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија.

Дописи, според соопштението, се испратени до Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти, кои имаат познавања на уставната материја.

Рокот за номинирање претставник е најдоцна до 10.4.2023 година.

Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска, која произлегува од преговарачката рамка, која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава.

За таа цел, според наведеното, потребно е да се определи претставник што има познавање од областа на уставното право, кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК