Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две лица завршиле со повреди во судир на „сканија“ и патничко возило

Вчера попладне, во 18.45 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканија“, управувано од Т. Р. (51) од с. Возарци, Кавадаречко, и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М. М. (22) од с. Сопот, Кавадаречко, двете со кавадаречки регистарски ознаки.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на патничкото возило М. М., а телесни повреди добил Т. Р., констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК