Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Маричиќ: Го завршивме скринигот за двата клучни кластери – темелни вредности и внатрешен пазар

M„Скринингот е завршен за два клучни кластери: кластерот темелни вредности – каде што се и правда, правосудство, темелни права, човекови права, фискална политика, финансиска контрола, јавни набавки, значи важни теми, економски критериуми, слобода на медиуми, значи, суштинските теми од политичкиот систем и од судскиот систем и од правниот систем, се во тој кластер. Тој кластер го завршиме со двата скрининга, и со билатералниот, и со објаснувачкиот“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „ИМА“.

Тој додаде дека завршен е и вториот кластер – внатрешен пазар, кој што исто така е суштински за функционирање на тој внатрешен пазар на ЕУ, и за отворање на нашиот пазар кон пазарот на ЕУ.

„Сега сме во третиот кластер. Третиот кластер се однесува на компетитивност и инклузивен раст. Паралелно го отворивме скринингот за четвртиот кластер, а тоа е зелена агенда и транспортна политика. Така што, навлегуваме, веќе сме скоро на половина од тој процес на скрининг“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека скрининг процесот, кој започна во септември минатата година се очекува да заврши до месец ноември.

„По завршувањето на сите поглавја во сите кластери, ќе добиеме извештај за секој кластер. Врз основа на тој извештај, ќе треба да подготвиме документи за реформи. Да речеме, во првиот кластер се тие патокази кои што се спомнуваат, кои што треба да ги опишат нашите обврски до членството во Европската Унија. И потоа, како што се отвораат, ќе треба да ги исполнуваме задачите, да се нотира напредокот. И во зададена временска рамка, која што ние самите ќе ја зададеме, значи нема да нѐ притиска Европската Унија да направиме нешто во определен рок ако ние не сме подготвени и не го прифатиме како обврска. Планот ни е до крајот на ова декада да бидеме подготвени за членство во Европската Унија“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе