Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ужасно силување во Струмица: ОЈО поведе постапка против три лица за силување на дете

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Струмица поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години.
При новогодишна прослава во куќа на еден од малолетниците, осомничената, свесна за своето дело, им помогнала на две деца родени 2007 година, со употреба на сила, да извршат силување на девојче родено ​2010 година. Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судијата со решение и определи притвор во траење од 30 дена. За двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата – ставање под надзор од Центарот за социјални работи.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе