24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Битиќи: Градиме предвидливи економски политики кои се предуслов за водење бизнис

ММФ и Светска Банка потврдија дека Северна Македонија на најефикасен начин ги спроведувала владините мерки за помош и поддршка на компаниите, како во време на пандемијата, така и во последниве година и пол откако започна енергетската криза надополнета со предизвиците од војната во Украина, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во интервју за „рацин.мк“.

-И покрај многу неизвесности и предизвици, со изедначениот третман на домашните и странските инвеститори, што е концепт кој се воведе од 2017 година наваму, ние како држава од поддржаните околу 70 компании според законот за финансиска поддршка на инвестиции и законот за ТИРЗ во 2020 година кога бев избран за вицепремиер, оваа 2023 година имаме преку 650 компании кои се поддржани по претходно споменатите закони, што е јасен показател како за отворениот и изедначен пристап на државата, така и за зголемениот број компании кои влегуваат во инвестициски циклуси во нашата економија, смета Битиќи.

Тој додаде дека поддршката продолжува во 2023, но и годините кои следуваат.

-Ние градиме предвидливи економски политики кои се основен предуслов за водење на бизнисот, и кои ќе бидат поттик за домашните и за странските бизниси во државава да ги зголемуваат своите бизнис операции и да станат интегрален дел од светските синџири на снабдување преку имплементација на напредни високо технолошки процеси, кои значат создавање производи со висока додадена вредност, а кои се единствената „формула“ како до високо платени работни места. Само на таков начин ќе можеме да ги задржиме нашите млади во државата, наместо да сонуваат за живот надвор од нашите граници, истакна вицепремиерот.