Centar.mk
ФОТО ЈС©
ПРОМОБИЗНИС

Индустриското производство во февруари 2026 година е намалено за 4.2 % во однос на февруари 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:

– Производство на тутунски производи,
– Производство на текстил,
– Производство на облека,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на метали,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање кај Енергија за 19.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 12.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 % и Капитални производи за
2.1 %.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК