26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

МВР презема мерки за пронаоѓање на двете девојчиња, повозрасната од нив повеќе пати бeгала и била враќана дома

Јавноста веќе е вознемирена поради случајот со исчезнатото дванаесетгодишно довојче од скопска Гази Баба. Како што раскажаа нејзините родители за Фокус, таа исчезнала додека била на училиште, а се работи за типична и нормална тинејџерка која нема тајни пред своето семејство. Тие велат дека последен пат е видена на училиште откако ја повикала некоја повозрасна девојка од неа, која не ѝ е другарка.

Случајот е пријавен во полиција, а семејството моли за помош, кој и да ја види да ги информира нив или надлежните служби.

„Носи црна јакна и кафеави панталони, висока е околу 163 сантиметри. Замина на училиште и потоа не се врати дома“, раскажува нејзиниот татко кој моли за помош.

„Го молам добриот народ да помогне. Било кој ако ја види, веднаш да повика полиција, да ја задржи! Нека ми се јават и мене на 072 232 983“, апелира очајниот родител.

Министерството за внатрешни работи го потврди исчезнувањето на двете девојки.

„На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15)“, информираше МВР. Како што соопштија петнаесетгодишната М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад.

МВР презема мерки за пронаоѓање на лицата, пишува Бриф.