Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Одземањето ингеренции за Општина Струга за дивоградбите е една од опциите

„Можеме да помогнеме во Струга, ако немаат капацитети или средства. Ќе најдеме стручен тим за да се мапираат дивоградбите. Доколку не одговорат на последното задолжување од Владата, имаме начин како да пратиме таму некој да ги мапира бесправно изградените објекти за да знаеме што може да направиме понатаму“ рече министерката за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека не мора општината да побара помош и кажа дека одземањето на надлежностите на општината не е едноставно, но е една од опоциите доколку не се постапува по барањата на Владата.

„Ако некој не постапува, ние ќе направиме наш стручен тим, ќе побараме и странска помош доколку е потребно и ќе направиме се што можеме за да го зачуваме статусот што го имаме во УНЕСКО“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека нема да е крај на светот дококлу сме ставени на листата на наследство во опасност, но тоа ќе значи поголеми контроли и реферирање до УНЕСКО секоја година.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството апелира: Да се избегнат шпекулации за предметите од трагедијата во „Пулс“

ДЕСК

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла

ДЕСК

Синоптичарите со најнова прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК