1. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Европскиот фронт е отворен за сите, па и за прогресивните сили на ВМРО-ДПМНЕ

Уставните измени не треба да бидат предмет на политичка девалвација или уцена од било која политичка партија, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во Алсат. Според неа, секоја политичка партија има свои приоритети и предизвици во рамки на своето политичко функционирање и во своето партиско делување.

-Ние имаме концепт на движење на државата напред, бидејќи и покрај уставните измени имаме и реформски процеси во правосудството, во јавната администрација, децентрализацијата… Ајде прво да ги донесеме уставните измени, па потоа се што е останато во рамки на ова што значи демократичност, транспарентност и владеење на правото да го спроведуваме ред по ред, кажа Лукаревска.

Таа истакна дека исправени сме пред државничка одлука, која мора да ја искористиме, а се осврна и на европскиот фронт.

-Европскиот фронт ќе се зголемува и понатаму, бидејќи друга опција немаме. Можеби Алтернатива имаше незадоволство кога излегуваше од Влада, но никогаш не скршнаа од патот дека нема да ја почитуваат европската агенда. БЕСА беше под плаштот на европската агенда кога бевме заедно на парламентарните избори во 2020 година. Европскиот фронт е отворен за сите, вратите се отворени за сите па дури и за ВМРО-ДПМНЕ и нивните прогресивни сили, рече Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК