13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Власта со нови мерки за заштита на буџетот на граѓаните – Се намалуваат цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените…

Откако беше намалена цената на лебот на 33 денари, поевтинија тестенините и млечните производи, а пред празниците се замрзна цената на јајцата, Владата на денешната седница донесе нова одлука за намалување и замрзнување на цените на хигиенските производи.

Согласно одлуката се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија,влажни марамчиња,пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%.

„Оваа одлука се носи согласно анализите направени во Министерството за економија имајќи ги во предвид податоците од Царинската управа. Во делот на тоалетна хартија цените на тоалетната хартија се движеле од 94,8 денари до 343,3 денари, од 1 март до 24 март 2023 година цената се движела од 94,8 денари до 205 денари а со пресметано ДДВ од 11 денари до 241 денар, а 85% од тоалетната хартија е од увоз. Кај влажните марамици цената се движи 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во месец март 2023. Редовната царина е 6%. За пелени за деца и возрасни (дајперси) се движи 36, денари по парче до 1.600 денари по кутија, а кај за хигиенски влошки се движи 27,9 денари по парче до 63,56 денари по парче. Редовната царина е 6%“ кажа министерот Бектеши.

Министерот додаде дека одлуката за хигенските влошки се носи пред се бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи сеуште не е усвоен во Собранието.

“Имајќи во предвид дека за жал во собраниска процедура од декември минатата година има законско решение за овие производи за намалување на ДДВ од 18 на 5%, но сеуште ова решение не е разгледано во Комисијата за фианнсирање и Буџет во Собранието“ кажа министерот Бектеши.

Оваа одлука стапува на сила по објавување во Службен весник, а ќе се применува до 1 април 2023 година.

Покрај цените на лебот, млечните производи, јајцата и тестенините, намалена беше и цената на оризот, додека пак брашното се очекува да добие пониска цена во периодот што следува.

Се повеќе се зборува дека можно замрзнување на цените во пресрет на празниците ќе има и на повеќе видови на овошје и месните производи, за што засега се прават анализи. Ваква одлука би можела да се донесе следната недела.

Владата со серија мерки ја закочи високата инфлација која ја погоди Македонија и Светот. Растот на минималната плата на 20.175 денари и на пензиите за 8.4 отсто допрва ќе покажат позитивни резултати за џебот на граѓаните.

За добрите политики говори и растот на просечната плата, која во јануари изнесувала рекордни 33.943 денари, во споредба со истот месец лани, просечната нето-плата во земјава се зголемила за 13,2 отсто, што е историски едно од највисоките покачувања на просечната плата за една година. Со покачувањето

Спонзорирано: