Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе уживаме во сонце до петок, од сабота повторно обилни врнежи од дожд – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До петок ќе се задржи стабилно време, а за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Минималната температура и утре изутрина на повеќето места ќе се спушти под нулата, а потоа во следните денови температурите ќе бидат во пораст.

Во понеделник се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и намалување на температурата.

Прогноза за 31.03.2023
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 15°C до 21°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 01.04.2023
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Умерено облачно со умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Прогноза за 02.04.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Умерено облачно со услови за краткотраен дожд, претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК