Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Мерките даваат резултат, цените се намалуваат, растат платите и пензиите

Мерките и политиките на СДСМ за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните во време на светска економска криза даваат резултати, се намалуваат цените, а истовремено растат платите и пензиите. Од минатиот месец цената на белиот и на полубелиот леб е намалена и замрзната на 33 денари. Намалени се цените на тестенините за 15 проценти, а за 10 проценти пониски се цените на млекото и на млечните призводи – урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Замрзнати се и цените на јајцата и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото од 15 март, а со важност до 30 април, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека меѓу производите со замрзнати цени ќе се најдат и дел од хигиенските производи, а дел од овошјето и зеленчукот неделава ќе добие замрзнати цени. Со системски решенија и со исправни економски политики растат платите и пензиите. Минималната плата од овој месец се покачи 2.175 денари, односно од 18.000 на 20.175 денари. Просечната плата во државата за пет години се зголеми 44 проценти и сега е над 34.000 денари.

Мартовската пензија е покачена 8,4 проценти – во една календарска година пензиите пораснаа 16 проценти, а со септемвриското усогласување ќе се зголемат 25 проценти. СДСМ го слуша гласот на граѓаните, никој не е оставен сам да се справува со последиците од светската економска криза, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК