Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кулеба до Османи: Демонстрирате силно лидерство

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, при денешното обраќање на состанокот на Јадранската повелба, формат познат како А5, истакна дека Северна Македонија демонстрира исклучително лидерство оваа година со поттикнување на работата на неколку меѓународни и регионални организации, вклучително и Јадранската повелба и ОБСЕ.

„Руската агресија против Украина е најгрозоморниот напад врз меѓународниот мир и безбедност од Втората светска војна. Тоа ја загрозува мојата земја, Европа, Северна Америка и сите мирољубиви нации на ОН. Нема да биде претерување да се каже дека иднината на евроатлантската безбедност се решава на бојното поле во Украина. Од клучно значење е Јадранската повелба да се прилагоди на новата реалност во светлината на тековните безбедносни предизвици. Ги поздравувам вашите планови за зајакнување на политичката улога на Повелбата и изнаоѓање нови безбедносни механизми за регионот“ – истакна во своето видео обраќање Кулеба.

Тој на шефот на македонската дипломатија му посака успех и изнаоѓање ефективни решенија за обезбедување на безбедноста во иднина и се заблагодари за досегашната поддршка која ја добива Украина.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ОПРЕМА – Четири здравствени дома добиваат амбулантни возила

ДЕСК

ВОЗАЧИ, ОСТАНУВААТ УШТЕ ШЕСТ ДЕНА – Од 15 ноември задолжителна е зимската опрема, еве што мора да имате

ДЕСК

19 КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата приведе 17 лица поради опасно возење

ДЕСК