7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следат температури под нулата – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Денес ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува засилен до силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 км/час. На планините претежно во западните делови повремено ќе провејува снег.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно. Утрински температури утре и во четврток во повеќе места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.

Прогноза за 30.03.2023
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 31.03.2023
Минимална температура: 2°C до 6°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 01.04.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Претежно во северните делови ќе има зголемена облачност со услови за појава на краткотраен дожд.