Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

Герасимовски: „Интермецо“ и „Мош“ ги вознемируваат граѓаните на Центар

Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните во Капиштец за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека викендот кој измина повторно по пријава од граѓани општинските инспектори во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола на неколку локали по што било констатирано дека локалите „Интермецо“ и „Мош“ работат и по истек на работното време.

„Поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена. Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден по што истите ќе бидат пломбирани“, информира градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски повторно испрати апел до управителите и сопствениците на угостителските објекти на сите објекти во Центар, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

ДЕСК

БРТ конечно ќе го биде: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот

ДЕСК

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

ДЕСК