Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсени 18 навивачи поради инцидентите на натпреварот Вардар – Пелистер

На 26.03.2023 полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари. Во врска со овој настан, денеска во полициска станица дополнително ќе бидат повикани уште 6 идентификувани лица кои го прекршиле законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Исто така, ќе биде повикано и одговорно лице од агенцијата која со своите редари била задолжена за редот во салата, а немала доволен број на редари.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК