Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија.

На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски и светски првенства во нашата држава, како и за важноста од продуцирање на соодветно обучен кадар за развој и поддршка на шахот.

Нагласувајќи ги придобивките од афирмацијата на овој спорт кај младите, претставниите на ШФМ ги споделија досегашните искуства од реализацијата на проектот „Шах во училиштата“, кој како што истакнаа, е високо оценет и од Светската Шаховска Организација (FIDE).

Денешната посета беше можност претседателот Пендаровски, на партија шах, да поразговара и со 8 годишната Нина Миновска, ученичка во ООУ „Киро Глигоров“, која го изучува шахот како изборен предмет и со 15 годишниот Антон Златков, шампион во сите категории и член на младинската репрезентација кој ги сподели постигнатите успеси.

Претседателот им порача на младите шахисти да го негуваат својот талент, посакувајќи им големи шаховски достигнувања во иднина.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК