2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се кршат копја за ВМРО-ДПМНЕ да учествува во уставните измени, Лога ги повика да бидат храбри

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од работната група за промена на Уставот, уверен е министерот за правда, Кренар Лога. Тој посочува дека покрај преамбулата и внесувањето на Бугарите, треба да се направат и други промени. Тој посочи дека измените не се барања на Бугарија, туку на Европската Унија.

„Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе најде сила да се надмине себеси и да биде дел од процесот. Ќе ни треба ваша поддршка за тие да добијат храброст“, рече Лога.

Министерот за правда посочи дека со измените во Уставот ќе треба да се надмине и вакуум просторот од оставка до избор на нов министер, а распуштеното Собрание да може да заседава за важни прашања. Формулацијата „20 отсто“ да биде заменета со „албански јазик“, министерот за правда да не биде по автоматизам член на Судскиот совет.

„Ова е сензитивно прашање. Ќе им дадеме простор на ВМРО-ДПМНЕ да размислуваат“, рече Лога.

Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ ќе делегира свој претставник и во работната група за новиот изборен законик, каде што им е понудено претседателското место.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +