Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

21-годишен возач удрил и усмртил мечка на автопатот Тетово-Скопје, момчето се здобило со телесни повреди

21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка при што се здобил со телесни повреди.

Според информации од тетовската полиција, ноќеска четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка.

Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК