Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Од утре леб ќе се меси со поевтино брашно, а се прават анализи и за евентуално замрзнување на цените на месото

Од утре се очекува да следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители, со што дополнително ќе се намали цената на пекарските производи.

Владата анализира дали ќе има намалување и замрзнување на цените во месната индустрија, во пресрет на празниците.

Со последните мерки на Владата намалени се цените на лебот, тестенините, јајцата, оризот, млекото и млечните производи.

Во екот на големата светска економска криза минималната плата од март годинава е покачена на 20.175 денари.

Минималната плата континуирано се зголемува од 2017 година кога изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари.

Просечната плата во државата за пет години се зголеми за 44 проценти и сега е околу 34.000 денари.

Пензионерите од овој месец добиваат историски највисоко покачување на пензиите за 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари.

Со овие мерки инфлацијата е зауздана, а резултатите ќе бидат видливи многу скоро.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Пошта, наша цел е Македонска пошта да ја издигнеме со најдобар квалитет

ДЕСК

Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика: Се задржува внимателниот пристап на Народната банка – поставеноста на монетарната политика е непроменета

ДЕСК

Исплатени субвенции, плати, К-15 – соопшти Министерство за финансии

ДЕСК