Колумна на Фатмир Битиќи
Само социјалдемократски политики носат праведност и правичност, правилна распределба, солидарност и грижа за сите граѓани. Рековме дека никој нема да биде изоставен и тоа и го остваруваме, од почетокот на мандатот и така и ќе продолжиме.
Веќе ги постигнавме планираните покачувања на минималната и просечната плата, како и пензиите. Успешно се справуваме со кризата, преземејаки ги сите мерки кои ни се на располагање за да ја одржиме ликвидноста на компаниите, за работниците да ги задржат своите работни места, граѓаните да имаат топли радијатори во домовите и да ја поминеме една од најтешките енергетски зими, без рестрикции за струја и без драстично повисоки сметки за струја, преземјаќи 80% од товарот на сметките на граѓаните.
Покачувањата на минималната плата го донесовме како системско решение, преку договор, на маса со сите социјални партнери, така како што е ред.
Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани. Да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани.
Ова е единствениот исправен пат и начин за обезбедување социјална правда и правичност – дури и во време на глобална економска криза на која и претходеше здравствената криза предизвикана од пандемијата.
Нашата определба беше и така се спроведе, да донесеме системско решение кое нема да калкулира со политичката волја на било која партија, ниту од волјата на поединци, ниту од политичкиот маркетинг кој станува доминантен пред или за време на избори.Нема политички калкулации. Ова е методологија за постојан раст на минималната плата, мотивирана од грижата за нашите граѓани. Никој да не биде запоставен или ставен во неодржлив социјален ризик.
По 2017 година грижата за вреднување на трудот на работниците стана приоритет за Владата и затоа се пронајде решение за системско покачување на платите со кое само за шест години минималната плата се удвои и сега изнесува 20.175 денари. А веќе следната година, во март, очекувам минималната плата да достигне до 23.000 денари.
Ако во 2016 година, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги креираше социјалните политики, за минималната потрошувачка кошничка која изнесуваше 32.254 денари, беа потребни 3,2 минимални плати од 10.080 денари, сега е потребна 2,1 минимална плата од 20.175 денари за покривање на минималната синдикална кошничка.
И нема да застанеме тука. Овој модел е успешен затоа што го има заедничкиот интерес и на граѓаните и на Владата. Тоа е модел за повисоки плати, за заштита на работните места, за повеќе пари во секое семејство.
Интересот и животниот стандард на граѓаните ни е на прво место.