Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Времето драстично се менува, синоптичарите најавуваат дожд, грмежи, ветер, а некаде и снег – Детална четиридневна прогноза

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.

Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури.

Прогноза за 27.03.2023
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен север ветер што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминат во слаб снег.

Прогноза за 28.03.2023
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно и студено со засилен ветер од северен правец. Во југозападните и крајните западни делови ќе провејува снег.

Прогноза за 29.03.2023
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ ВО МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ – 55-годишник пријавил насилство во Карпош

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Оштетен автомобил со српски регистарски таблички

ДЕСК

АПСЕЊЕ ВО ШТИП – Полицијата запрела „сеат“, во возилото пронашла марихуана

ДЕСК