Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Бугарите најсиромашни во ЕУ – Познато е која држава е најбогата

Последниот извештај на Евростат покажува дека Луксембуржаните и понатаму се најбогатите граѓани на Европската унија.

Нивната куповна моќ е 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ.

Во споредба со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург.

Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот од Луксембург, според Евростат.

Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ.

Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија.

Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.

Можеби ќе ве интересира

East Gate Mall слави 5 години со „Роденденска џунгломанија“ – два дена забава, музика и изненадувања!

ДЕСК

GOOGLE ГИ ПРОШИРУВА РЕКЛАМИТЕ ВО АИ-ПРЕБАРУВАЊЕТО – Нов предизвик за веб-издавачите

ДЕСК

GOOGLE ГО ПРЕТСТАВИ GEMINI 4 CARBON – Нов моќен АИ-модел за сајбербезбедност

ДЕСК